недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Раул Гонзалес стави потпис на нов договор со ПСЖ

Раул Гонзалес стави потпис на нов договор со ПСЖ

Шпанскиот ракометен стратег Раул Гонзалес ја продолжи соработката со ПСЖ откако стави потпис на договор со трајност до јуни 2025 година.

Раул Гонзалес во ПСЖ се пресели во јуни 2018 година, а доколку до крај го одработи новиот договор, таму ќе биде цели седум години.

„Гордост ми е што можам да ја продолжам рабоатата што ја почнав во 2018 година и што ќе можам да имам влијание на иднината на клубот уште две сезони. Мојата амбиција е нашиот тим да настапува на највисоко национално и континентално ниво, да имаме одлични моменти со навивачите и да го збогатам нашиот рекорд на достигнувања“, изјави Раул Гонзалес откако го потпиша новиот договор