недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ристовски: Подготвен сум за Кил, дали ќе бранам зависи од тренерот

Ристовски: Подготвен сум за Кил, дали ќе бранам зависи од тренерот

Голманот на Вардар, кој од здравствени причини го пропушти претходниот меч кај Алборг што црвено-црните го изгубија, сега е здрав за да биде во тимот за мечот со Кил во Скопје в среда. Кил има резултатска криза, но Борко вели дека тоа не треба да ги залажува вардарци

Голманот на РК Вардар Борко Ристовски е здрав и подготовен е за мечот со Кил утре во рамките на Лигата на шампионите, а како што вели, од тренерот ќе зависи дали ќе
брани.

Ристовски од здравствени причини не беше во составот на Вардар во претходното петто коло при гостувањето на Вардар кај Алборг, што црвено-црните го изгубија (29-33). Сега е во добра форма и подготвен е да даде се од себе.

– Имав стомачни проблеми и не можев да патувам за мечот со Алборг. Но тоа помина за три дена и сега се е во ред. Здравствено сум подготвен да настапам против Кил, но секако, од тренерот зависи дали ќе бранам – вели Ристовски.

Што се однесува до резултатската криза во која се наоѓа Кил во моментов, според Борко, Вардар не би требало да се надева на тоа.

– Не верувам дека претходните резултати на Кил ќе имаат некое поголемо влијание на она што ќе го покаже во Скопје. Познавајќи го германскиот менталитет, сигурно
Кил ќе игра максимално. Тоа што било претходно нема да има големо влијание. Треба ние да се подготвиме, а како противниците играат, тоа е нивна работа – вели
Ристовски кој смета дека тоа што Кил има неколку лоши резултати во низа не е лошо за Вардар, но, во крајна линија не треба да се мисли на тоа.

– Се подготвуваме за Кил како за секој натпревар. Ние не ја гледаме нивната форма, фокусот го ставаме на тоа ние да одиграме како што треба. Нивната форма е нивни проблем. Атмосферата во Вардар е позитивна и покрај двата порази во низа во ЛШ. Се подготвуваме да одиграме добар натпревар со Кил и да се обидеме да направиме изненадување – вели Ристовски, кој во победата против Алборг во Скопје во третото коло, беше јунак на мечот со 16 успешни интервенции.

Кил со желба за рехабилитација ќе настапи против Вардар во Скопје во седмото коло од ЛШ. Германскиот гигант минатиот викенд на домашен терен тесно загуби од Магдебург (27-29) во Бундеслигата и сега е на третата позиција, а во претходното коло од ЛШ на домашен терен изигра само нерешено со Пик Сегед. Според изјавата на капитенот на Кил, Домагој Дувњак, важно е сега за актуелниот германски шампион да мисли на идните мечеви.

– Не бараме изговори за поразот. Животот оди понатаму, сега имаме уште натпревари пред нас – изјави Дувњак. Според официјалниот сајт на Кил, во екипата не очекуваат лесен меч во Скопје, иако како што е истакнато Вардар е „само“ на петтата позиција на табелата во групата А.

– Екипата има малку време да се поврати неделава. Во вторник патуваме за Македонија каде ја играме следната важна средба. Треба да освоиме многу важни бодови против Врадар, тим кој е силен на домашен терен. Вардар моментно е „само“ на петотто место, но има само два бода помалку од Кил… – се вели во најавата за овој меч на интернет – страницата на Кил. Во групата „А“ Кил е третопласиран со три победи, по еден пораз и реми. Вардар е на петтото место со две победи, едно реми и два порази.