Ракометниот шампион на Македонија во ракомет Вардар го доби првиот дуел со Металопластика во осминафиналето од СЕХА Лига.
Српскиот тим подобро го започна мечот и во неколку наврати водеше со четири разлика, но на средината од првото полувреме, „црвено-црните“ се разбудија, направија пресврт и до крајот на првиот дел поведоа со 19-14.
Металопластика се обиде да се врати во игра во второто полувреме, но Вардар одигра добро и во нападот и во одбраната и на крајот славеше со убедливи 39-31.
Јотиќ со 10 погодоци беше најдобар поединец во Вардар, додека Дибиров постигна 7 погодоци.
Реваншот меѓу Металопластика и Вардар се игра во вторник 16 часот.