сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Вардар го официјализира Матија Николиќ

РК Вардар го официјализира  Матија Николиќ

Суперлигашот Вардар 1961 промовира уште едно од засилувањата. Се работи за Матија Николиќ, српскиот бек кој дојде од редовите на словенечкиот клуб Урбанскејп Лока.

22-годишникот е трето официјално промовирано засилување за тимот на Владо Недановски. Николиќ се сели во Суперлигата од Словенија, а претходно настапуваше и за екипата на Црвена Звезда.

Со Вардар 1961, бекот парафира договор на две години, со можност за продолжување на уште една.