сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Вардар го откажа учеството на турнирот во Охрид, Олимпијакос ќе биде замената

РК Вардар го откажа учеството на турнирот во Охрид, Олимпијакос ќе биде замената

Ракометниот клуб Вардар го откажа своето учество на Меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски – Усташ“.

Вардарци во периодот кога се одржува турнирот ќе имаат обврски во Европската лига, па затоа беа приморани да го откажат настапот.

Организаторот на турнирот веднаш најде замена и местото на Вардар ќе го пополни грчки Олимпијакос.

Веќе се познати и двете групи за турнирот:

ГРУПА А: ГРК Охрид, Бешикташ, Голден Арт, Олимпијакос

Група Б: Еурофарм Пелистер, Металопластика Шабац, Татран Прешов, Бутел Скопје

Турнирот ќе се одигра во период од 23-ти до 26-ти август, а освојувач на премиерното издание беше Тиквеш.