понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Вардар носи лев бек од Португалија

РК Вардар носи лев бек од Португалија

Македонскиот некогашен ракометен шампион ќе направи промени во својот состав по лошата сезона во која клубот заврши дури на третата позиција во домашниот шампионат, односно единствената позитивна работа е освоениот Куп на Македонија.

„Црвено-црните“ ќе ги освежат своите редови, потврден е ангажманот на Стефан Петриќ, договорено е и крилото Марко Срдановиќ, а во меѓувреме се работи и на други засилувања од кои едно ќе дојде од Португалија.

Се работи за талентираниот Нилтон Мело кој има 19 години, висок е 197 сантиметри и ја покрива левата бековска позиција.

-Почнав да барам проект кој ќе ми овозможи да бидам професионалец и да работам исклучиво со ракометот. Имаше некои пoнуди од Шпанија, но дојде и од Вардар и по анализирањето се беше јасно. Признавам без изненаден, –порача Мело кој минатава кампања ја минал на позајмица во Виторија од Спортинг.