петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Вардар потпиша со Шпанецот Алонсо

РК Вардар потпиша со Шпанецот Алонсо

Леворакиот бек Виктор Алонсо Гарсија (33) потпиша договор со Вардар и сезонава ќе настапува во „црвено-црниот“ дрес.

Виктор Алонсо Гарсија е поранешен шпански репрезентаивец, и минатата сезона ја мина во италијанскиот тим Ромања.

Алонсо потекнува од некогашниот шпански гигант Портланд Сан Антонио и ги мина сите младински категории во „фуријата“. Во татковината играше уште за Овиедо, Ваљадолид, Адемар Леон и Анхел Хименез.

Настапуваше и за францускиот Кретеј три сезони, потоа за романскиот тим Бакау, пред да се пресели во косовскиот првак Беса од 2020, каде играше до лани во период кога имаше тренер Шпанец. Кратко беше дел и од израелскиот тим Нес Зиона.