Вардар игра фуриозно и максимално сериозно на стартот на новата сезона во македонската Суперлига, каде останува апсолутен лидер и единствен непоразен тим и по седум рунди.
Тимот на Недановски и Стоилов денеска без проблеми се справи и со ракометарите на Голден Арт, дури и во ситуација кога имаше нецелосен состав на располагање каде го совладаа со 32-21.
Родригез и Николиќ постигнаа по осум гола за гостинскиот тим, додека кај домаќините Ончев имаше пет реализации.