Ракометарите на Вардар 1961 им се вратија на победите во плејофот во Суперлигата, односно го заборавија поразот од Алкалоид со сигурно славје над Тинекс Пролет од 25-18,
Вардарци беа апсолутни фаворити на овој меч и тоа го потврдија на теренот каде уште во првиот дел се изборија за предност од девет разлика (16-7). Овде стана јасно дека второто полувреме ќе биде само рутина, па домаќините го искористија опуштањето на „црвено-црните“ и успеаа да намалат дел од негативата во вторите 30 минути.
Чувара со 8 гола беше најпрецизен, Ќосевски беше автор на пет гола. Кај поразените лидер беше Тотиќ со четири гола погодоци.
Во наредното коло Вардар го пречекува Охрид, додека Пролет гостува во Кавадарци кај Тиквеш.