Првиот натпреварот од четврт-финалето на ЕХФ лигата на шампионите на кој Вардар се среќава со ПИК Сегед во Скопје се игра во четврток, на 25 април во 20 часот. Салата во СЦ „Јане Сандански” е веќе распродадена.
Се известуваат сите оние што купиле билети за овој натпревар навреме да влезат во салaта и да ги завземат своите места на трибината со цел да се избегне мешаница на влезните врати. Со оглед на вообичаената процедува при влегување, да се избегне создавањето на непотребен метеж пред вратите се препорачува навремено доаѓање.
Истовремено се известуваат сите посетители дека влез ќе биде дозволен само на оние што имаат валиден билет за натпреварот. Влезот во салата нема да им биде дозволен на малолетни деца кои немаат билет со цел да не се создава метеж на трибината бидејќи е распродаден капацитетот на салата.