понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Роберто Гарсија Парондо ќе работи во Бундес-лигата

Роберто Гарсија Парондо ќе работи во Бундес-лигата

Роберто Гарсија Парондо е подготвен да се врати на клупскиот ракомет откако шпанскиот стратег успешно ги финализираше преговорите со бундеслигашот Мелсунген.

Управата на Мелсунген по само три кола му врачи отказ на Гудмундур Гудмундсон, по што ги почна преговорите со Парондо. Главен пробле претставуваше фактот дека Шпанецот се уште има договор како селектор на Египет, но по долги разговори конечно беше договорено тој паралелно да ги извршува двете функции.