Ракометната репрезентација на Норвешка, која е еден од противниците на Македонија на Светското првенство во 2023 година, ќе настапи без најдобриот член Сандер Сагосен.
На Сагосен му е потребна втора операција на скочниот зглоб, а тоа ќе значи отсуство од ракометните терени во следните шест до осум месеци.
Искусниот ракометар на Кил пред три месеци заработи повреда на скочниот зглоб во натпреварот против Хамбург и поради тоа не настапи на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите.