Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски објави список од 19 ракометарки кои ќе бидат во комбинација за престојното Европско првенство.
Македонија е домаќин на групата Ц од Европското првенство кое започнува на 5. ноември. А покрај нашата репрезентација во групата се уште и селекциите на Холандија, Франција и Романија.
Македонија Европското првенство ќе го започне против Франција на 5 ноември, а два дена подоцна играме со Холандија, на 9 ноември е дуелот со Романија.
Сите натпревари ги играме во СЦ „Борис Трајковски“ и сите почнуваат од 18 часот.