Координаторот на женски ракометни селекции, Љубомир Савевски, го објавува списокот на повикани ракометарки за собир и подготовки на женската кадетска ракометна репрезентација за претстојниот припремен период за EХФ У17 шампионатот во Литванија.
На овој список се најдоа 25 ракометарки и сите доаѓаат од домашните екипи. Најмногу има од редовите на ЖРК Вардар (девет), како и од Металург, Стружанка, Феникс.
Женската кадетска репрезентација ќе настапи на EХФ У17 Championship 2021 во Клаипеда, Литванија (7-15 август 2021 година) и е дел од група А заедно со репрезентациите на Шпанија, Литванија, Финска, Косово и Велика Британија.