сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Се повреди Кањељас, неизвесен неговиот настап на Светското првенство

Се повреди Кањељас, неизвесен неговиот настап на Светското првенство

Жоан Кањељас веројатно нема да настапи на Светското првенство во Полска и Шведска. Ветеранот на првиот натпревар на подготвителниот турнир во Бенидорм скина стомачен мускул и прашање е дали ќе биде подготвен за стартот на СП 2023 во Полска и Шведска.

Првиот натпревар Шпанците го играат против Црна Гора во Краков, а нема дилема дека отсуството на многу корисен и искусен играч во двата правци како Кањељас би бил хендикеп за избраниците на Жорди Рибера.

Поранешниот вардарец беше дел од сите успеси на Шпанија под овој селектор, а ја освои и втората европска круна на „црвено-црните“ во Келн.