Ракометната машка репрезентација на Македонија ги започна подготовките за Европското првенство во јауари ко ќе се игра во Словачка и Германија.
Нашиот селектор Кирил Лазаров предводи една подмладена селекција, а еден од оние претендира да биде во составот е десниот бек Мартин Серафимов.
„Подготовките течат одлично, верувам ќе продолжиме во овој ритам. Работиме точно и прецизно, секој си ја знае својата работа. Ние помладите знаеме да правиме грешки, но затоа имаме квалитетен стручен штаб и поискусни играчи кои ни даваат совети како подобро и поефикасно да се вклопиме. Лазаров верува во секој играч кој го има на располагање. Чест е да се биде дел од ваков собир, посебно пред настан како што е Европското првенство“, изјави 21-годишниот Серафимов.