По натпреварот, своето размислување за воведниот меч на Мундијалот изнесе десниот бек Мартин Серафимов.
„Ќе го анализираме поразот заедно со целата екипа, па во наредниот натпревар ќе влеземе одново максимално. Не бев изненаден од Норвежаните. Како што кажав, влеговме со голема желба на стартот на Мундијалот со позитивни мисли. Сега, целта е во следното коло да одиграме добро против Холандија“, изјави Серафиов.
Веќе в недела Македонија ќе се судри со Холандија, додека третиот натпревар во кој се гледа шансата за главната фаза е во вторник против Аргентинците.