Македонскиот ракомет е завиен во црно, откако денеска почина Илчо Јанев, кој е дел од школата на КЛ7 од Свети Николе.
Јанев е првиот тренер на македонската ракометна легенда Кирил Лазаров.
-Со голема жал и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот тренер Илчо Јанев. Прекрасен човек,тренер кој секогаш се трудеше да изгради врвни играчи пред се добри луѓе. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и најблиските. Почивај во мир тренеру, стои во објавата на ГРК Овче Поле 1958.