среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Шпанија по невидена драма дојде до полуфинален билет на СП

Шпанија по невидена драма дојде до полуфинален билет на СП

Репрезентацијата на Шпанија ќе биде ривалот на Данска во полуфиналето на 28. Светско ракометна првенство.

„Црвената фурија“ во еден луд натпревар и по невидена драма која траеше 80 минути ја совлада Норвешка со 35-34. Скандинавците долго време нема да го заборават овој дуел во „Ерго Арена“ кој имаа шанса да го решат во основниот дел, меѓутоа направија голема глупост во последниот напад при резултат 25-24, иако имаа отворена шанса да нападнат, го загрозат голот на ривалот, тие тактизираа по што им беше одземена топката по што Шпанците преку брза контра која ја заврши Данил Душебајев се избори за 25-25 и дополнителни минути.

Најефикасни во норвешкиот табор беа Бјорсен со девет и Бартолд со осум погодоци, а кај Шпанците по седум гола постигнаа Алекс Душебаев и Анхел Фернандез. Голманот Гонзало имаше шеснаесет одбрани, голем дел одлучувачки. Противник на Шпанија во полуфиналето в петок ќе биде селекцијата на Данска.