вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Шведска ја „растури“ Хрватска, Србија се радува

Шведска ја „растури“ Хрватска, Србија се радува

Шведските ракометари во феноменален меч ја победиja Хрватска со 35:31, со што го освоија првото место во групата А.

Швеѓаните вечерва им одржаа вистинска лекција на Лино Червар и домаќините на ЕП. Во текот на целиот меч, скандинавците имаа константна предност, која во еден дел од второто полувреме изнесуваше цели 9 погодоци.

На оваа победа на Шведска се радуваа и Србите, кои очекуваа неуспех на Хрватска, за да можат како трети во групата да продолжат во главната фаза.

Со ваква разврска,Шведска е прва во групата со 6 бодови, од кои 4 ќе пренесе во следната група. Хрватска е втора со 4 бодови (пренесува 2), додека Србија и Исланд имаат по два бода, но Србија ќе биде на третото место поради подобриот меѓусебен дуел (не пренесуваат ниту еден бод).

Во групата Б, вечерва Норвешка очекувано ја совлада Австрија со 11 погодоци разлика (39:28), со што го освоија второто место во групата. Прва е Франција со 6 бодови (пренесува 4), втора Норвешка со 4 (пренесува 2) додека трета е Белорусија со 2, која исто како и Србија ќе стартува со нула бодови во главната фаза.