Најголемата аргентинска ѕвезда Диего Симоне изнесе загриженост за играта на неговата репрезентација во мечот против Холандија. Асот на Монпелје нагласи дека дуелот против Македонија во третото коло на Светското првенство ќе биде како финале, а напомена дека мора да се подобри нивната игра.
„Со ваква игра не можеме ни да сонуваме за победа против Македонија. Цврстата одбрана и голманите треба да бидат наша силна точка, но брзината на Холанѓаните не ни дозволи ништо. А и вечерва многу грешевме. Пред нас се уште два натпревари, на кои мораме да бидеме уште подобри. Дуелот против Македонија ќе биде финале за нас. Ќе победи онаа репрезентација што ќе направи помалку грешки.
Македонија и Аргентина веројатно во меѓусебниот дуел ја гледаат шансата за пласман во главната фаза, а меѓусебниот дуел е закажан за во вторник.