четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Славко Голужа останува на клупата на ППД Загреб

Славко Голужа останува на клупата на ППД Загреб

Раководството на хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб и искусниот стратег Славко Голужа се договорија на продолжување на соработката и во новата натпреварувачка сезона.

Голужа минатата година направи камбек во редовите на Загреб, откако претходно на два пати седеше на жешката клупа.

Амбициите на Загреб за следната сезона покрај одбраната на дуплата круна во домашниот шампионат се и пласман меѓу најдобрите 16 екипи во Лигата на шампионите.

Загреб во европската елита за ривали во рамки од групата А ги има Еурофарм Пелистер, Кил, ПСЖ, Алборг, Колстад, ПИК Сегед и Келце.