среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Загреб и Славко Голужа се разделија

Загреб и Славко Голужа се разделија

Хрватската тренерска легенда, Славко Голужа, повеќе не е предводник на екипата на Загреб, откако беше објавено дека е постигна договор за прекин на соработката на взаемно задоволство.

За него ова беше трет мандат на чело на еден од противниците на нашиот Пелистер во Лигата на шампионите (ЛШ), а на таа позиција беше од минатата година. Екипата во продолжение ќе ја води Андрија Николиќ, досегашниот помошник.

„Се што правеше, правеше со верба и ние му благодариме што го водеше нашиот клуб изминатите десет месеци“, стои во соопштение на загрепчани.