Еурофарм Пелистер донесе големо засилување на голманската позиција за следната сезона. Се работи за словенечкиот репрезентативец Урбан Лесјак и ќе го замени Мартон Секељ, кој пак си заминува од Битола по завршувањето на оваа натпреварувачка година.
Лесјак ќе дојде од таборот на германскиот бундеслигаш Хановер за кој брани уште од 2018 година.
Се работи за 31-годишен голман, кој претходно го чуваше голот на Целје. За словенечката репрезентација има 58 настапи, а беше дел од генерацијата која во 2017 година го освои бронзениот медал на Светското првенство во Франција. Официјалното претставување на Лесјак во Битола ќе биде пред стартот на новата сезона 2022/2023.