сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

СПЕКТАКЛ КОЈ НЕ СЕ ПРОПУШТА: Mакедонските ракометни легенди, ветераните и актуелните репрезентативци на пријателски натпревар – еве кој се’ ќе истрча на теренот

СПЕКТАКЛ КОЈ НЕ СЕ ПРОПУШТА: Mакедонските ракометни легенди, ветераните и актуелните репрезентативци на пријателски натпревар – еве кој се’ ќе истрча на теренот

Ревијален пријателски натпревар на кој силите ќе ги одмерат македонските ракометни ветерани и актуелните репрезентативци ќе се одигра на 3 јануари 2023 година со почеток во 19 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Од Ракометната федерација на Македонија истакнуваат дека натпреварот ќе биде од хуманитарен карактер, а овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт.

До денес, своето присуство на теренот го потврдија: Алушевски Стевче, Ангелов Петар, Ангеловски Бранко, Ѓоргоновски Горан, Даскаловски Златко, Димовски Ванчо, Јовиќ Александар, Кузмановски Горан, Јоновски Ацо, Лазаров Кирил, Лазаров Филип, Макаловски Гоце, Марковски Велко, Миркуловски Филип, Митков Влатко, Мојсовски Златко, Мојсовски Наумче, Недановски Владо, Ристовски Борко, Стоилов Митко, Стоилов Столе и Стојановиќ Раде, како и добро познатите селектори Илија Темелковски и Звонко Шундовски.

Актуелниот национален состав за претстојното Светско првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 во Полска/Шведска – ќе биде противничкиот табор на ветераните.

Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која ќе настапат македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.

Билетите, во ограничен број, ќе бидат во продажба од 19 декември 2022 година преку мрежата на МК Тикетс по цена од 250 и 300 денари.

-Приходите од продажбата на билетите ќе се донираат на „СОС Детско село“ од Скопје, која организација во моментов поддржува повеќе од 394 деца и млади кои се без родители и родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Повеќе од 20 години СОС Детско село функционира на принцип на донации, благодарение на кои се грижи за децата кои се под нивна надлежност. Нека ова биде „загревање“ за најракометниот месец во годината, но и дополнителен повод да израдувате некого за празниците и НЕКА ПОБЕДАТ НАШИТЕ, порачаа од РФМ.