Стратегот на актуелниот ракометен шампион Вардар 1961 Стевче Алушовски беше презадоволен од победата, но додаде и дека можеле да победат со повеќе гола разлика.
„Честитки до Е.Пелистер за коректната борба, ние одигравме одлично во одбраната. Мислам и дека конечниот резултат не е вистински приказ на тоа што се случуваше на теренот. Жалам што не победивме со поголема разлика, сепак ако некој пред мечот ми понудеше победа со осум гола разлика нормално дека ќе ја прифатев. Моите играчи го испочитуваа она што се договоривме до крај, постигнавме 35 гола и мора да сум за задоволен. Ова е голем чекор кон освојувањето на 14. титула во македонското првенство“, изјави Алушовски