четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Стоилов: Ова ми е последниот меч за Македонија, ми беше чест да играм 15 години во овој дрес

Стоилов: Ова ми е последниот меч за Македонија, ми беше чест да играм 15 години во овој дрес

Големиот триумф над Чешка воедно беше и последен репрезентативен натпревар за Стојанче Стоилов, откако капитенот на Вардар на прес-конференцијата по мечот објави крај на репрезентативната кариера.

„Сакам да најавам крај на репрезентативната кариера. Ми беше чест и задоволство 15 години да бидам тука, со гордост да го носам овој дрес. Има толку многу имиња што треба да се набројат… ќе почнам од Кире, фалати за се, за се што направивме и не успеавме да направиме. Исто и Миркуловски, кој го остави здравјето играјќи за Македонија. Тоа е причина и за мојата одлука, чувствувам дека телото веќе не ми ги издржува сите овие напори. Фала на цела македонска јавност, ми беше чест да играм за оваа репрезентација“, изјави СТоилов.

Јавна благодарност до Стоилов на прес-конференцијата искажа и селекторот Кире Лазаров.

„Успеав да го вратам Миркуловски и ќе го почитувам секогаш, исто како и Стојанче, кој е специфичен лик, но јас го познавам добро и знам колку е гладен за победи на секој натпревар на репрезентацијата“, изјави Кире Лазаров за Стоилов.