вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ТАГА ДО НЕБО: Погребан Денис Тот, младиот ракометар кој до смрт беше претепан во Скопје (ВИДЕО)

ТАГА ДО НЕБО: Погребан Денис Тот, младиот ракометар кој до смрт беше претепан во Скопје (ВИДЕО)

Хрватскиот ракометар Денис Тот денеска беше погребан во родното Ѓаково откако до смрт беше претепан во Скопје. Заедно со најблиските роднини и пријатели, од ракометарите се простија и голем број сограѓани.

„Дениз, ти благодарам за се што направи за твоето семејство, твојот град и спортот“, рекол свештеникот, пренесува Радио Ѓаково.

“Тешко е да се каже последното благодарам бидејќи можеше да направи многу повеќе, но мораме да го прифатиме тоа. Тој не напушта, но споменот му останува”, рекол свештеникот.

На погребот беа присутни и Ненад Бјелица, Миле Петковиќ, Миро Бичаниќ, Владо Ковачевиќ, Стјепан Јукиќ…

Хрватските медиуми објавуваат дека во Скопје се води истрага, но и дека има сомнеж за обид за прикривање на убиството.

Денис беше до смрт претепан во Скопје. Две лица се во притвор, а за првоосомничениот е распишана меѓународна потерница.