Најдобиот вардаров стрелец Филип Талевски беше критичен кон тимот и најави промени, за да се освојат домашните натпреварувања. =
„Сакам да му го честитам одличниот натпревар на Партизан. Ние треба да го анализираме нашиот пристап и нашиот настап. Ако играме вака, нема да можеме да ги исполниме целите. Мора да бидеме поагресивни во одбраната и да ги намалиме техничките грешки. Посебно тоа се гледа против тимови кои знаат тоа да го искористат“, рече репрезентативиот бек.
„Црвено-црните“ веќе в сабота имаат уште едно „жешко“ гостување, во Битола играат против младата екипата на Еурофарм Пелистер 2.