четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Талески: Очигледно постои проблем што мораме да го решиме…

Талески: Очигледно постои проблем што мораме да го решиме…

Македонија го претрпе и третиот убедлив пораз на СП во Краков, уште еден доказ за „црната дупка“ во која за пет дена падна нашиот национален тим.

Филип Талески требаше да биде еден од носителите на играта на националниот тим, но и тој целосно се вклопи во сивилото на „црвено-жолтите“ во „Таурон Арена“ во Краков.

„Никој не очекуваше дека вакво нешто може да ни се случи. Вакви три партии и убедливи порази, навистина нема што конкретно да се каже и да се коментира. Ќе има време за анализа што беше проблемот, очигледно е дека постои проблем што мораме да го решиме ако сакаме да одиме напред. За жал, во моментов сликата е таа што ја прикажуваме, по СП ќе анализираме што точно се случи“, изјави Талески.