Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески од следната сезона ќе има нов предизвик. На левиот бек по завршувањето на оваа сезона му истекува договорот со Вардар, а откако нема да има продолжување на истиот, стана јасно дека Талески во новата сезона ќе брани бои на нов клуб.
27-годишниот ракометар со Вардар освои сè што може да се освои на домашна сцена, а денес ќе го одигра последниот натпревар за „црвено-црните“ и ќе се прости од фановите на нашиот најтрофеен ракометен колектив.
„Црвено-црната“ армија му подготвува достојно збогум на македонскиот бек, кој најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Португалија во редовите на Бенфика.