Прославеното име на македонскиот ракомет Лефтер Бошковски почина денеска во Скопје на 81-годишна возраст.
Истакнат ракометен стручњак и педагог, Бошковски беше тренер на повеќе македонски екипи, како и селектор на женската сениорска репрезентација.
Во својата плодна тренерска кариера ги предводеше екипите на Вардар, Работнички и Кометал Ѓорче Петров, а го основаше женскиот ракометен клуб Олимпик.
Последните години од својот живот на ракометен план ги мина во академиите на Стевчо Алушовски и Кирил Лазаров.