понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Тешка повреда на ракометарот на Барселона

Тешка повреда на ракометарот на Барселона

Екипата на Барселона со сигурна победа над Војводина стартуваше на ТВ-турнирот на шампионите во Добој.

Каталонскиот гигант со 39-29 славеше над српскиот шампион, но најверојатно на подолг период остана без еден од клучните играчи.

Големата надеж на Барселона и словенечкиот ракомет Домен Макуц уште во воведните минути од оваа средба доживеа тешка повреда.

По еден судир со противнички ракометар, 23-годишниот среден бек на Барса легна на паркетот и по реакцијата на неговите соиграчи јасно беше дека се работи за сериозна повреда.