Ракометната репрезентација на Македонија одигра одличен натпревар против Мароко во кој беше подобар противник во текот на сите 60 минути и заслужено стигнаа до убедлив триумф од 40-25. Со него „црвено-жолтите“ го осигураа второто место во групата во „Президент купот“.
Еден од најрасположените на денешниот натпревар беше голманот Мартин Томовски кој забележа двоцифрен број на одбрани па го доби признанието за најдоар играч . Томовски вели и покрај тоа што е тешко да се најде мотивација во овој дел од натпреварувањето, на секој натпревар за репрезентацијата мора да се даде се од себе.
„Во овој Призидент Куп тешко е да се најде мотивација. Но, секогаш мора да се бориш и да го дадеш најдоброто од себе. Секако, ние сакавме да победиме, исто така и на претходниот натпревар со Тунис. Беше навистина тешко и сега ни преостанува уште еден меч за играње и ние ќе направиме се за да победиме. На таков начин ќе имаме подобра слика за да може да ги анализираме нашите грешки за во иднина”, изјави Томовски.