среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Црногорскиот селектор си поднесе оставка

Црногорскиот селектор си поднесе оставка

Селекторот на ракометната репрезентацијата на Црна Гора, Зоран Рогановиќ си поднесе оставка од позицијата по поразот на неговата селекција од Словенија.

Словенците беа убедливи против Црна Гора и славеа со 31:23 со што го обезбедија третото место во групата кое ќе им донесе прилика да се борат за пласман од 9. до 12. место на Мундијалот кое би можело д аим донесе и квалификации за Олимписките игри.

Фактот што Црна Гора не успеа да се пласира на квалификациите за Олимписките игри е причина, Рогановиќ да поднесе оставка од позицијата селектор на оваа балканска репрезентација.

– Горд сум на се што остваривме во изминатиот период. Селектор сум од 2018 година, учествувавме на две Европски првенства, а учествувавме и на ова Светско првенство. Од година во година напредувавме, и верувам дека така ќе биде и во иднина затоа што оваа селекција има огромен потенцијал. Мене зборот ми е поважен од се. Кога бев именуван за селектор дадов збор дека ќе имаме континуитет на големите натпреварувања и дека ќе се бориме за место на Олимписките игри. Споменатата цел не успеавме да ја оствариме на ова натпреварување, па сметам дека е чесно да се повлечам иако имав понуда да останам на селекторската позиција. Време е за нови луѓе и нова енергија, -изјави Рогановиќ на прес конференцијата по поразот од Словенија.