недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Убедлив пораз за Еурофарм Пелистер од Бидасоа

Убедлив пораз за Еурофарм Пелистер од Бидасоа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа тежок пораз од Бидасоа во петтото коло од Лигата на Европа. Битолскиот тим беше убедливо поразен со 32:20.

Само на стартот „пелистерци“ беа конкурентни на противникот и по почетните 2:2 домаќините констатно беа во предноста. Некаде на средина на полувреме Бидасоа започна да ја прави разликата која на крајот се покажа како недостижна.

Еурофарм Пелистер во првите 30 минути имаше шест минути во кој не постигна гол. На пауза се замина со водство од осум разлика за шпанскиот тим (20:12).

Не успеа македонскиот претставник да се врати и во второто полувреме, па прашањето беше само со која разлика домаќините ќе слават победа.

За Еурофарм Пелистер ова беше трет пораз во петтиот натпревар, а битолчани забележаа и две победи против Агуас Сантас и Мотор Запорожје во минатото коло.