Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер минатата недела беше поразен во Шпанија со 32:20, па така Баскијците се во поволна позиција пред реванш натпреварот. Стратегот на битолчани Ларс Валтер верува во подобро издание на неговиот тим.
„Се обидуваме да ја вратиме нашата препознатлива игра, бидејќи во последните 5-6 недели со сите повреди кои нè снајдоа, играме поинаку, играме побавно. Имаме нов ракометар кој треба да го интегрираме и мора да се вратиме на нивото на игра од почетокот на сезоната. Работата на вчерашниот тренинг изгледаше добро, Хосни добро тренираше и верувам дека ќе додадеме брзина во нашата игра. Разговаравме и како да ги решиме проблемите кои ни ги создаде Агинагалде на првиот натпревар. Не бевме добри на првиот натпревар, тој е многу добар во напад, но исто така и многу спор во одбрана. Мора тоа да го искористиме, а во Ирун не го направивме тоа. Тој детаљ е еден од клучните кој може да направи разлика. Сите веруваме во добар натпревар и победа утревечер. Се надевам дека ќе ја добиеме поддршката од нашите фанови, иако како игравме лошо на последниот натпревар, не ја заслуживме. Го знаеме тоа и сакаме да оставиме добар впечаток пред божиќната пауза и ќе дадеме сè да ги освоите бодовите“, изјави Валтер.