недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Валтер и Лесјак: Да му ги расипеме плановите на Веспрем

Валтер и Лесјак: Да му ги расипеме плановите на Веспрем

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер во полуфиналето влегува како апсолутен аутсајдер против силниот Веспрем, но како и секогаш во вакви ситуации, најповолно е тоа што нема што да загуби и може растеретено да се појави на теренот.

Новиот тренер Ларс Валтер се потсети дека Пелистер во минатото беше важен дел од европските натпреварувања, па сега како предводник на битолската гордост, ќе се обиде да направи сензација против Веспрем.

– Бев премногу возбуден што дојдов во тим кој беше неверојатен кога јас бев дете, тогаш учев за ракометната игра. Последните неколку години, клубот направи чекор или два напред и учеството на фајнал форот е доказ за тоа. Во четвртфиналето против Мешков Брест немаше само среќа, Лесјак ни го обезбеди билетот за Задар. Ние сме тим во конструкција, секој меч го ни значи живот и чувствувам дека нема што да загубиме. Веспрем е фаворит, но ние треба да уживаме и да им ги расипеме плановите, – изјави Валтер.

 Задоволство е да се игра во град како Битола, тоа е ракометен град. Сите во Битола го сакаат ракометот и мора да се согласам со тренерот. Ако не верувавме во себе, немаше да бидеме тука. Заслужуваме да бидеме тука и време е да уживаме на теренот и да видиме до каде ќе стигнеме, – изјави Лесјак