сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Валтер: Нексе е воиграна екипа, но убеден сум на реакција на мојот тим

Валтер: Нексе е воиграна екипа, но убеден сум на реакција на мојот тим

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се обидат брзо да го заборават полуфиналниот пораз од Веспрем во рамките на единаесеттиот „фајнал-фор“ на СЕХА лигата.

На брифингот со новинарите тренерот Ларс Валтер се наврати на дуелот со Унгарците и го најави утрешното мало финале против Нексе Нашице.

„Нексе Нашице е одлична екипа, долго време се заедно и воиграни се со тренер како Тамше. Добро го познавам, беше мои играч и одлично натпредува. Го следев тимот на Нексе и во подготовките и знам дека се работи за квалитетен тим.Ние мора да одиграме подобро и посмело од синоќа и убеден сум во таква реакција на тимот. Напорно работиме и Еурофарм Пелистер е на вистински пат“, смета Валтер.

Натпреварот меѓу македонскиот и хрватскиот вицешампион се игра денес од 16:30 часот.