Во финишот од средбата во салата „Боро Чурлевски,“ голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ го одбрани последниот напад на гостинот и Еурофарм освои бод на мечот со Агуш Санташ.
– Одигравме еден лош натпревар, разорачан сум. Мислам дека покрај лошото издание во нашата одбрана, потфрлија нашите клучни ракометари. Сакам да упатам честитки до Агуаш Санташ за одиграниот меч – рече Валтер на прес-конференцијата по натпреварот.