Три недели по завршувањето на првиот дел од сезоната, вицешампионот на Македонија Еурофарм Пелистер им се врати на тренизните во спортската сала „Боро Чурлевски“. Првиот работен ден мина во знакот на медицински тестови и фитнес тренинзи, а од утре следува двојна тренинг програма во спортската сала „Јован Калаузи“, која ќе биде зимска база на пелистерци до 26 јануари. Потоа, „зелено-белите“ ќе се преселат во Врбас и ќе ја брусат формата низз два СЕХА-натпревари.
„Почнуваме денес и првата недела ќе биде физички тренинг. Потоа ќе почнеме да се фокусираме на одбраната, иако не се тука сите ракометари заради обврските кон националните тимови. Но, мора да ја одработиме програмата, иако многу напорна ќе биде првата недела. Потоа ќе внесеме повеќе ракомет и тактика на тренинзите и следната недела планираме контролен натпревар против Еурофарм Пелистер 2. На 26 јануари ќе работиме на мал тренинг камп во Србија. Ќе играме СЕХА натпреварите против Војводина и на враќање од подготовките против Нексе Нашице. Се надевам дека тогаш ќе бидеме во фаза во која треба да бидеме од подготовките“, смета Валтер..
Данскиот тренер очекува дека првите две засилува оваа пролет ќе бидат заздравените Велковски и Суси.
„Ќе видиме како Велковски и Суси ќе реагираат, оваа недела е период на тестирања. По неколку минути можам да видам дека Суси не е на нивото на кое сакаме да биде, но верувам дека во наредните неколку дена ќе биде подобро“, заврши тренерот на битолчани.
Еурофарм Пелистер се очекува во февруари да биде комплетен, кога ќе се вратат репрезентативците од Светското првенство. Единствено ќе недостига Руди Сери, кој подолго време ќе отсуствува заради повреда на коленото.