Македонскиот ракометен клуб Вардар 1961 победа на втората пресметка против Металопластика и го потврди своето место во четвртфиналето во СЕХА-лига. Македонскиот тим на реваншот славеше со 26-23 (14-12).
Денешниот меч беше последен за осмина ракометари во дресот на Вардар, како и за стратегот, Стевче Алушовски. Си одат: Иван Чупиќ, Глеб Калараш, Марко Кизиќ, Кристијан Дисингер, Ловро Јотиќ, Јосип Векиќ, Робин Кантегрел и Васко Шеваљевиќ.
Како што беше најавено шанса добија сите ракометари, а маестрален на голот беше Марко Кизиќ, кој запиша 17 одбрани. Шеваљевиќ и Дибиров имаа по пет гола, Чупиќ запиша четири.
Четвртфиналето ќе се игра во август, додека Ф4 завршницата на почетокот на септември во Задар.