понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар договори бек од Бундеслигата

Вардар договори бек од Бундеслигата

Македонскиот ракометен шампион Вардар почна да размислува за наредната сезона и веќе е договорено првото засилување за натпреварувачката 2022/2023, кое доаѓа од Бундеслигата.

Нов член на „црвено-црните“ е соиграчот на Филип Кузмановски од Хановер, десниот бек Нејц Цехте.
Цехте има 29 години и е репрезентативец на Словенија од која беше дел на последното Европско првенство во Унгарија и Словачка. Тој веќе четири години го носи дресот на Хановер, додека претходно беше член на Горење Велење.