Женскиот ракометен клуб на Вардар која дефинитивно има сезона за заборав, полека започна да го гради тимот за наредната сезона, а прво засилување во редовите на „црвено-црните“ е десниот бек од Спартак, Ангела Гроздановска, која потекнува од школата на Вардар.
Договорот на Гроздановска со екипата на Вардар е на една година.Гроздановска речиси на сите натпревари во Женската лига постигнуваше двоцифрен број на погодоци и најверојатно во сезоната која е при крајот, ќе заврши на 3 место на листата на стрелци. Младата ракометарка, моментално, има постигнато 197 погодоци.