Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа над Кјелце вечерва во 10.коло од Лигата на шампионите со 28:27 и се искачи на втората позиција на табелата.
Предводени од Кристопанс кој шест пати ја погоди мрежата на противникот „црвено-црните“ му се реваншираа на ривалот за поразот во Полска.
Ова беше шеста победа за Вардар сезонава во групната фаза и прва по три средби без триумф.
Првите шест од групата продолжуваат во следната фаза.
Вардар покажа дека и без неколку клучни играчи како Борозан, Мораеш и Горбок има сила и квалитет да ги освојат бодовите.
МИА