Двете најдобри екипи во македонската суперлига Вардар и Еурофарм Пелистер остварија победи во рамките на петтото коло од плеј-офот.
Вардар славеше на гостувањето кај Охрид со 28:21, додека Е. Пелистер со 32:26 го совлада Тиквеш, пред големото неделно дерби што ќе се игра во Битола.
Најдобри кај Вардар беа Јоел Куни Моралес со седум и Филип Талески со пет постигнати голови, додека во редовите на Охрид се се истакнаа Филип Кривокапиќ со шест и Филип Николов со четири гола.
Рутинска победа остварија и лидерот на табелата Е. Пелистер кој со 26:32 славеше на гости кај Тиквеш. Домаќините имаа сили за отпор само во првото полувреме кое го добија до 16:15.
Во вториот дел, битолчани заиграа подобро и во одбраната и во нападот, прво на средина од полувремето за прв пат дојдоа до два гола предност (18:20) и потоа не дозволија домаќинот да се врати во игра.
Јосип Божиќ Павлетиќ со гола беше прво име во победата на Е. Пелистер, додека Стипе Мандалиниќ даде девет гола, а кај Тиквеш се истакнаа Стефан Трпчевски со шест гола и Симиќ и Дрогришки кои дадоа по пет гола.
Големото дерби помеѓу Е. Пелистер и Вардар ќе се игра в недела во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.