Ракометарите на македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ќе играат во финалето на „Хумел Купот“ кој се игра во Германија.
Избраниците на Веселин Вујовиќ во денешното полуфинале го надиграа данскиот претставник Холстебро со 33-28.
„Црвено-црните“ тесно го добија израмнетото прво полувреме (14-13) за да во продолжението македонскиот шампион биде на уште повисоко ниво, биде расположен и ја добија оваа битка со пет гола разлика.
Талески и Тото со по 6 остигнати гола беа најефикасни, шпанскиот репрезентативец Гурбиндо пак беше автор на 5 погодоци.
Вардар во утрешната битка за трофеј ќе игра со подобриот од Магдебург и Горење.