watch_later
08. мај 2022. @
19:33 timelapse 1 мин.
Ракометарите на Вардар 1961 немаа никакви проблеми против Еурофарм Пелистер 2 во домашниот шампионат, дуел кој го добија со 34-23.
Со ова „црвено-црните“ направија уште еден чекор напред кон одбрана на пехарот, поточно од таа цел ги делат победи над Бутел и Тиквеш. На дуелот во СЦ „Јане Сандански“ вардарци имаа пеколно прво полувреме кое го добија со 17-9 по што стана јасно дека нема никаква шанса за изненадување во Скопје.
Талески и Дибиров со по 6 гола беа најефикасни кај победникот, додека за битолчани прв стрелец беше Димитриоски со седум погодоци.