четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар му врати на Мотор Запорожје за поразот во Украина

Вардар му врати на Мотор Запорожје за поразот во Украина

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 го надигра и совлада Мотор Запорожје со 32-27 во дуел од ракометната СЕХА лига.

Анте Гаџа со 8 гола беше прв стрелец кај скопскиот тим, а крилата Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров имаа по 6 реализации. Стојанче Стоилов даде 4, а Иван Чупиќ три гола.

Голманите Ристовски и Кизиќ имаа по 4 одбрани. Следен меч за Вардар 1961 во СЕХА е гостувањето кај Војводина.