Македонскиот ракометен шампион Вардар ја доби првата четвртфинална битка против Загреб, црвено-црните победија со 24-20 и обезбедија солидна предност пред реваншот во Хрватска.
Првото полувреме беше изедначено, Вардар успеваше повремено да се одлепи на два разлика, но Загреб се враќаше. На одморот се замина со 14:12 за македонскиот тим.
Во вториот дел Вардар цело време имаше предност, но во финишот Загреб дојде на -1, 21:20, тогаш тимот на Вујовиќ направи серија од 3-0 и го заврши мечот со победа од 24:20.
Најдобар кај Вардар беше Анте Кудуз со седум голови, толку постигна и Дибиров, Георгиевски реализираше трипати. Томовски имаше седум интервенции. Кај Загреб најдобар беше Иван Чупиќ со осум голови.
Реваншот се игра на 31 август во Загреб.
foto: gol.mk